Почетокот на настава пред 08.30 часот го зголемува ризикот од депресија кај учениците

- Здравје
1223

Почетокот на настава пред 08.30 часот, го зголемува ризикот од депресија и анксиозност кај учениците- oва е тврдење од новото истражување објавено во списанието „Слип Хелт“ (Sleep Health).

Раниот почеток на наставата, создава притисок кај децата, што им пречи на нивното спиење и ги изложува на ризик од проблеми во менталното здравје.

Водачот на студијата др. Џек Пелтц од Универзитетот Рочестер Медикал Сенар изјавил дека поради раното будење се создава притисок кај децата дека мораат порано да легнат и да се наспијат, поради што имаат зголемени ментални пречки.

– Добар сон, со подоцнежен почеток на наставата, дава подобри резултати, вели Пелтц.

Експертите им препорачуваат на учениците да имаат рутина за одење во кревет секогаш во исто време и тоа меѓу 20 и 22 часот, како и да ја намалат употребата на технолошки направи пред спиење.

Во истражувањето се анализирани 197 ученици, на возраст меѓу 14 и 17 години, кои пополнувале прашалници. На прашањата одговарале и нивните родители. По еднонеделното истражување, утврдено е дека учениците кои станувале рано, бидејќи наставата им почнува во 07.30 имале симптоми на депресија и анксиозност. Утврдено е дека тоа имало влијание и на нивните активности и на исхраната.

Facebook Коментари