Славчо Попоски: Метерологијата е моја најголема љубов

- Интервју
3073

Славчо Попоски е млад амбициозен стружанец кој безрезервно се посветува на меторологијата. Предвидувањата за временските состојби се негова страст. Strugaonline го консултираше околу временските прилики кои следуваат, но и за неговите почетоци и идни планови во кариерата.

IMG_1555

Strugaonline: Станавте познат за јавноста после Вашата прогноза за поплавите кои го зафатија Скопскиот регион минатата година, но да се вратиме на почетокот. Кога почнавте да покажувате интерес за метерологијата?

Славчо Попоски: Отсекогаш се интересирав за оваа наука, но интензивно се посветив и почнав да работам пред околу пет години. Мојата голема желба ми помогна да совладам се што е потребно за успешно да можам да ги предвидувам временските состојби, но не постигнав се сам. Благодарен сум на мојот пријател од Босна и Херцеговина кој многу ми помогна.

Strugaonline: Со оглед на тоа дека планираш професионално да се занимаваш со оваа професија, претпоставувам насочен си кон едукација и соодветно образновани кое ќе ти донесе диплома – дипломиран метеоролог?

Славчо Попоски: Секако, образованието ми е важно и планирам максимално да се посветам на учење кое ќе вроди со плод и ќе добијам диплома која ќе ги оправда сите мои прогнози и трудот кој го вложувам.

Strugaonline: Откако ги предвиде поплавите кои за жал минатата година го зафатија скопскиот регион, што се смени во твојот живот. Имаш ли понуди за работа.

Славчо Попоски: Таа прогноза многу ми помогна и ми овозможи контакти и соработка со повеќе медиуми. Ова е професија од која може да се живее, задоволен сум.

image1

Strugaonline: За крај,  од тебе очекуваме детална временска прогноза за наредните денови. Можеме ли најпосле да се радуваме на затоплување или февруари ќе не потсети дека календарски се уште е зима?

Славчо Попоски:

И понатаму од јужните географски широчини кон територијата на Македонија продира топла воздушна маса која од ден на ден условува се повисоки температури на воздухот.

Утре (02.02.2017) уште во претпладневните часови од запад над територијата на Македонија ќе поминува облачна воздушна маса која особено во попладневните и во вечерните часови во западните предели ќе услови слаб локален дожд додека само на високите планини ќе има слаб снег

По котлините ќе има магла и ниска облачност која понекаде ќе биде погуста и ќе услови намалена видливост. Во текот на денот ќе дува слаб ветер од променлив прваец.

Максималната температура ќе се искачи во интервал од 4 до 10 степени.

Поради топлото време продолжува топењето на снежната покривка.

Facebook Коментари