Туристичка агенција ,,Аура травел”- успешна бизнис приказна со дваесет и шест годишна традиција

- Интервју, Локални
2941

Тимот на туристичката агенција  ,,Аура травел” е пример за успешно и посветено работење. За умешноста да се опстане на пазарот цели дваесет и шест години, како и сите пакет аранжмани кои агенцијата им ги нуди на своите клиенти разговаравме со менаџерот на  ,,Аура травел” – Мила Милеска.

IMG_1569

Strugaonline: Вашата туристичка агенција постои од 1990 година, а ребрендирана е пред десет  години. Тоа значи дека сте создале една успешна бизнис – приказна, сте изградиле традиција од цели дваесет и шест години. Која е тајната на успехот?

Mила: Тајната на успехот  се крие во професионалноста која е наш приоритет. Потребниот капацитет на знаење го имаме  отсекогаш, а умешноста за успешна работа ја создава искуството. Секој клинет кој што се обратил во ,,Аура травел” е услужен на највисоко ниво. Клиентите тоа го препознаваат и затоа повторно се враќаат кај нас. Среќни сме што е така, нашата професионалност и чесност вродија со плод.

Strugaonline: Каква лиценца поседува туристичката агенција ,,Аура травел” и што истата опфаќа – какви пакет аранжнаи?

Mила: Нашата туристика агенција поседува лиценца ,,Б” и истата опфќа продажба на аранжмани, авиобилети, посредување за визи и субагенство. Но, имаме соработка и со туристички агенции кои поседуваат лиценца ,,А”. Склучуваме договори со агенции кои работат во нашата земја, но и надвор од неа. Можам да кажам дека имаме одлична соработка.

Strugaonline: Кои зимски дестинации се покажаа како најатрактивни за вашите клиенти оваа 2017 година?

Mила: Според интересот на нашите клиенти можам слободно да кажам дека дестинации кои ја одбележуваат оваа зима се Банско, Боровец и Копаоник.

Strugaonline: Што до сега покажува Вашата пракса во однос на интересот за патување, дали Вашите клиенти се повеќе заинтересирани за зимски туризам или пак асоцијација за патување секогаш е летото?

Mила: Поголем интерес има за летен туризам, меѓутоа ние во текот на целата година нудиме патувања на разни дестинации се со цел да ги задоволиме сите вкусови.  Во моемтнов најактуелна дестинација е гламурозниот Дубаи.

IMG_1571

Strugaonline: Со оглед на тоа дека долго се занимавате со оваа работа сигурно сте посетиле повеќе дестинации, од Вашето искуство која дестинација им ја препорачувате на вашите клиенти?

Mила: Факт е дека секоја дестинација има своја убавина, но јас ги препорачувам Шпанија, Италија, Малдиви и Дубаи.

maldivi

Strugaonline:  Колкав е интересот за патувањата кои што ги нудите? Може ли да се каже дека стружани сакаат да патуваат и да запознаваат нови места и култури?

Mила: Струга е мал пазар, но последниве години може да се забележи тенденција на рапидно зголемување на интересот за патување. Исто така, луѓето се повеќе бараат нивното патување да биде организирано преку агенција

barcelona

И. М.

Facebook Коментари