Езерското дерби се врати на сцена достојно и еуфорично

- Локални, Спорт
718

Околу 3500 гледачи во извонредна спортска атмосфера вчера-вечер го проследија „езерското дерби“ помеѓу ракометните клубови на Струга и Охрид.

Во дербито кое се врати на сцена после долго време,  славеше РК Охрид со резултат 26:23.  Ова беше еден од ретките натпревари каде ракометарите беа исто толку важни колку и навивачите на двете екипи кои создадоа невидена позитивна еуфорија без тензии. Тоа го почувствуваа и ракометарите на двете екипи кои на крајот на натпреварот отпоздравија на навивачките групи. РК Охрид им отпоздрави на „Паткари“, а и РК „Струга“ отпоздрави на противиничката навивачка група „Рибари“.

Езерското дерби на сцена се врати достојно и возбудливо, a најважно е што сите испратија пораки полни хуманост и се сплотија за да и помогнеме на Сара од Охрид.

Strugaonline

фото: Ohridnews

 

 

Facebook Коментари