Mакедонија – Албанија 1:1 во Струмица

- Спорт
1124

Mакедонската фудбалска репрезентација одигра нерешено во натпреварот со Албанија, кој синоќа се играше во Струмица во рамките на 8.коло од квалификациите за Светското првенство 2018.

Македонските фудбалери, избраници на селекторот Игор Ангеловски во поголем дел од натпреварот ја имаа топката и имаа повеќе прилики за постигнување гол. Но, и покрај ваквата ситуација, албанскиот тим прв дојде до предност и тоа во 53-та минута од натпреварот со голот на Одисе Роши. За Македонија, во 78-та минута израмни Александар Трајковски кој  го искористи пеналот досуден поради игра со рака на еден гостински фудбалер во својот шеснаесетник. Овој натпревар се играше на стадионот „Младост“

другите две средби од 8.коло во Г-групата завршија со следниве резултати:
Италија – Израел 1:0
Лихтенштајн – Шпанија 0:8.

 

 

 

 

Facebook Коментари