Македонија скокна 32 места, сега е на 103-та позиција на ФИФА листата

- Спорт
773

Фудбалската репрезентација на Македонија сега е на 103-та позиција на најновото издание на  ФИФА листата откако направи голем скок од  32 места.

Ваквиот резултат за македонските фудбалери доаѓа откако триумфираа против  Израел во Хаифа (0-1), како и благодарение на ремито (1-1) против Албанија во Струмица, во рамките на квалификациите за Светското првенство кое ќе се одржи следната година во Русија.

Од нашата квалификациска група, најдоброрангирана е Шпанија на 11.место, Италија е во пад од пет позиции и се наоѓа на 17.место, Албанија е 66., додека Израел е на 82.позиција. Најслаборангирана селекција е Лихтенштајн на 187.место.

Во првата „десетка“ има промени на врвот. Сега Германија е на првата позиција, пред Бразил, Португалија, Аргентина и Белгија. Потоа следуваат Полска, Швајцарија, Франција, Чиле и Колумбија.

извор: Екипа.мк

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари