Оливера Јевтиќ и Стенли Кипруто се победници на „Охрид трчаТ 2018“

- Локални, Спорт
859

Оливера Јевтиќ од Србија и Кениецот Стенли Кипруто беа најбрзи на годинешното издание на спортската манифестација „Охрид трчаТ“.

Патеката од 10 километри Кипруто ја истрча со време од 33.02 минути, втор беше Милош Ранчиќ од Република Македонија со време од 34.32, а третото место го освои  Атанас Анчевски од АК „Делта“ кој пристигна на целта со време од 35.06 минути.

Кај припадничките на понежниот пол,  Јевтиќ беше прва со време од 35.42 минути, зад неа како вицешампионка заврши  Адријана Поп Арсова од АК „Делта“ со време од 41.12 минути, а трета истрча Милјана Ристиќ од АК „Делта“ која стигна на целта за време од 42.03 минути.

На рекреативната трка од 5 километри победи Милан Митровиќ од Србија со време од 19.06 минути, а во женска конкуренција најдобра беше Марго Бојаџиева со време од 24:15 минути.

извор и фото : ОхридТрчаТ

Facebook Коментари