Стружанецот Гоце Ојлески ќе игра денеска на мечот со Данска

- Спорт
884

Македонскиот селектор Раул Гонзалез денеска ја направи  последна измена во составот на македонската репрезентација.

На денешниот натпревар против Данска дефинитивно нема да настапи  капитенот Кире Лазаров, кај кого е дијагностицирана парцијална роптура на задниот бутен мускул, и за да закрепне потребни му се 2 до 4 недели пауза.

На местото на  Кире Лазаров во составот на нашата селекција ќе настапи крилото Гоце Ојлески.

Средбата со Данска се игра денеска, со почеток во 18.15 часот.

Извор: rkmetalurg.mk

фото: архива

Strugaonline

Facebook Коментари