Вардар донесе голема радост совладувајќи го тимот на Фенербахче

- Спорт
687

Македонскиот шампион Вардар донесе голема радост откако  го совлада тимот на Фенербахче во првиот меч од баражот за Лига Европа.

Вардар, на домашен терен  го победи турскиот гигант со 2:0,а овој резултат претставува голем исчекор кон историски пласман во групната фаза во Лига Европа. Неверојатната атмосфера во „Телеком арената“ уште еднаш покажа колку на ова тло се негува спортскиот дух.

Победничката фудбалска еуфорија започна со голот на  Тигран Барсегјан во 21 .минута за водство од 1:0.

Во втората минута од судиското дополнение (90+2), Топал во обид да ја врати топката до својот голман, со глава го лобуваше Идриз Камени и ја донесе големата предност за Вардар по првиот меч.

 

Facebook Коментари