Aнита Мицова во Струга го промовираше првиот студиски албум „Ти Сум Јас“

- Локални, Музика
2044

Во прекрасна атмосфера, во Кафе бар „Женска плажа“ Анита Мицова приреди прекрасна ноќ посветена на љубовта, музиката и хуманоста.

Промоцијата на нејзниот прв студиски албум насловен како „Ти Сум Јас“ пред стружани, доби своја хумана нота. Со симболична порака дека албумот работен со љубов и посветеност нема цена, Анита албумот им го подари на сите присутни, а донираните средства по желба и можност на донаторите се се наменети за потребите на Центарот за лица со интелектуална попреченост „Порака Нова“.

Промоцијата започна со звуците на „Златно жито“, песна за која наскоро ќе биде промовиран видео-записот, а продолжи со „Биди добар“ и „Два животи“. Откако се загреа атмосферата следеа и познати светски и домашни хитови кои Мицова ги изведе во придружба на својот бенд и Горан Папас.

Албумот „Ти Сум Јас“ содржи осум песни, сите се авторско дело на Весна Малинова – Бабамова и Кирил Бабамов. Станува збор за нежен, а истовремено и емотивно силен студиски албум, вистинско освежување на македонската музичка сцена и песни кои ќе ви ги топлат срцата ово лето 2017-то.

Извор: Strugaonline

Фото: Strugaonline

Facebook Коментари