Архиепископски црковно-народен собор во манастирот „Света Богородица“ во струшко Калишта

- Локални
2074

Македонската православна црква – Охридска архиепископија, од  денеска, до 7-ми октомври ќе одржи Архиепископски црковно-народен собор, во манастирот „Света Богородица“ во струшкото село Калишта.

Соборот се поклопува со јубилејот, еден милениум од основањето на древната Охридска архиепископија, што МПЦ-ОА го слави како поврзување на својот континуитет со ОА. Главни теми на соборот ќе бидат реорганизација и јакнење на кадровскиот потенцијал на Синодот на МПЦ-ОА, како и потврдување на новите епархиски граници на црквата. Се очекува присуство на сите членови на Синодот на МПЦ, како и присуство на по пет делегации од секоја епархија. На соборот ќе има и претставници што не се дел од свештенството, односно претставници од народот.

Извор: Нова Македонија

фото: архива

Facebook Коментари