Директор на училиште од Вевчани заработи кривична пријава

- Локални, Хроника
1961

Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Струга до Основното јавно обвинителство во Струга поднесе кривична пријава против 37-годишниот М.К. од Струга поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 1 од КЗ на РМ.

– Пријавениот во својство на директор на ОУ „Страшо Пинџур“ од Вевчани спротивно на законските прописи и договорот склучен со „Просветно дело“ АД Скопје, во периодот од 01.02.2016 година до 10.06.2016 година побарал од одделенските наставници да му ги предадат паричните средства собрани од учениците за списанија кои не ги уплатил на жиро-сметка на издавачот со што се стекнал со противправна имотна корист во износ од 24.920 денари, информираат од СВР Охрид.

извор: СВР Охрид

фото: архива

Strugaonline

Facebook Коментари