Екипата на ,,Пролет” го откажа учеството на струшкиот турнир, наместо нив ќе настапи Еурофарм Пелистер 2

- Локални, Спорт
87

Екипата на ,,Пролет“ го откажа учеството на овогодинешниот ракометен турнир во Струга, наместо нив ќе учествува екипата на Еурофарм Пелистер 2

Традиционалниот струшки ракометен турнир со долга традиција оваа година ќе се одржи од 12 до 16 август.Поради состојбата со коронавирусот, на турнирот ќе учествуваат само екипи од земјава.  .  Осумте екипи кои треба да настапат ќе бидат поделени во две групи.

Натпреватите ќе се играат без публика, а според испратените покани годинава ќе учествуваат Вардар, Металург, Еурофарм Пелистер, Охрид, Бутел, Прилеп, домаќинот Струга и Еурофарм Пелистер 2 место Пролет.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари