Екипата на Струга Трим Лум денеска во Охрид го пречекува литвански Жалгирис

- Локални, Спорт
294

Македонскиот шампион Струга Трим Лум денеска во  терминот од 17:00 часот на стадионот ,,Билјанини извори“ во Охрид го игра вториот мечот против литвански Жалгирис. Овој натпревар е во рамки на  првото квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Струга Трим Лум одигра реми без голови на првиот дуел во Литванија, со што има можност за пласман во следното коло каде својот противник го чека турски Галатасарај.

На прес конференција тренерот на струшката екипа Шпетим Дуро, објасни зошто литванската екипа сепак е фаворит.

„Поради многу аспекти Жалгирис е фаворит. Имаат големо искуство, буџет кој можам да кажам дека е дваесет пати поголем од нашиот, а во минатата сезона ја покажаа силата со пласман во групната фаза од Лигата на конференции елиминирајќи тимови како Малме. Но, на теренот на првиот меч се виде дека нема голема разлика, се надевам дека така ќе биде и во Охрид. Се надевам дека стадионот ќе биде полн и ќе имаме голема поддршка од трибините“, кажа Дуро.

Струшкиот тим информираше дека сите билети за вечерашниот меч се распродадени и трибините на стадионот „Билјанини извори“ ќе бидат исполнети до последно место.

Strugaonline

Facebook Коментари