Етно составот „Баклава“ ќе одржи бесплатен концерт во Струга

- Локални
1414

Во четврток (20.07.2017), со почеток во 21.00 часот, на Летната Сцена при НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“, концерт ќе одржи етно составот „БАКЛАВА.“ Влезот е бесплатен, а овај проект е овозможен со финансиска поддршка на Министерството за култура на РМ.
„Баклава“  е основана во 2005 година, како резултат на спојот на индивидуалните музички искуства на нејзините членови во различни проекти.


До сега има три различни изданија, од традиционална до светска музика, преработки и авторски песни, мешавина од повеќе јазици и музички стилови. Додека нивниот прв албум „Баклава“ е концертен, „Калемар“ е нивниот прв студиски албум, и е создаден од композиции од самите членови. На третиот албум наречен „Me mankas mucho“ (Многу ми недостигаш),направено е своевидно уметничко преплетување на мелодии од различни народи, култури и религии. По многу настапи, албуми, неколку музички спотови, свој документарец, тие имаат неколку песни и во филмот „Трето полувреме”.
Вообичаено,  на сцена можете да ги видите Елена Христова (вокал), Дејан Сибиновски (деф), Дејан Теодосиевски (виолочело) и Ѓорѓи Клинчаров (тамбура).

„Баклава“ има одржано  успешни концерти во Данска, Шпанија, Франција, Германија, Чешка, Белгија, Романија, Турција, Србија, Италија, а сега овој успешен етно состав  ќе се претстави  и пред струшката публика.

Извор: Strugaonline\Н.У Центар за култура „Браќа Миладинови“ – Струга

Facebook Коментари