Ѓоко Котески: Станавме лидери во Македонија во организација на младински турнири за 2023 година

- Локални, Спорт
333

Заврши зимскиот шаховски турнир „Езерска Кралица 2023“ што се одржа во ПУ Јахја Кемал во Струга.

Се одиграа четири турнири до 8, 10, 12 и 14 години. Учествуваа вкупно 70 учесници.

Победници по групи:

Група до 08 години- Реџеп Актан, Групчев Павел и Јовановиќ Лука.

Група до 10 години-  Дамеска Маја, Томоски Марко и  Гогоски Кристијан.

Група до 12 години-  Пуроски Јован, Спасески Матеј и Ристоски Саво.

Група до 14 години- Насков Малачи, Јованоски Михаил и Симоноски Лука.

Шаховската школа Струга освои еден сребрен, три бронзени медали и делба на трето место во групата до 10 години.

-Сребрениот медал отиде кај Михаил Јованоски, ученик во ООУ ,,Јосип Броз Тито“ кој турнирот во групата до 14 години го заврши без пораз. Бронзените медали отидоа кај: – Лука Симонски ученик во ,,Јахја Кемал“ Колеџот од Струга кој иако има само 10 годинi играше во групата до 14 години и го освои трето место, Саво Ристоски ученик во ООУ ,,Браќа Миладиновци“ со освоени 3,5 поени од пет партии во групата до 12 години, Лука Јовановиќ ученик во ООУ ,,Јосип Броз Тито“ кој го освои третото место во групата до осум години. Во групата до 10 год Климент Ковачески го делеше третото место. Другите членови на школата освоија над 50% учинок што претставува исто така успех.- вели Ѓоко Котески, тренер во Шаховската школа Струга.

Додава дека оваа 2023 година ја завршуваат со целосна реализација на програмата за работа што  ја планирале.

-Организиравме три младински фестивали на кои учествуваа преку 200 млади шахисти, со тоа станавме лидери во Македонија во организација на младински турнири за 2023 годинa. На овој турнир освен играчи од Струга и од Охрид имавме и играчи и од Прилеп и Битола. Упатувам голема благодарност до сите спонзори и подржувачи на младинскиот шах во Струга кои сите овие години ни помагаат во развој и афирмација на младинскиот шах во Струга.-потенцира Котески.

За следната година освен споменатите три фестивали, Шаховската школа Струга има во план да организираи општинско младинско првенство во шах за деца од основните училишта.

Strugaonline

Facebook Коментари