Граѓанската иницијатива „Доста“ достави поднесоци со барања до надлежните за проблемот со депонијата

- Локални
1345

Граѓанската иницијатива „Доста“, по повод последното спалување на дивата струшка депонија најави дека до Градоначалникот на Општина Струга и  до Претседателот на Владата на Р. Македонија ќе достави поднесоци со барања кои би довеле до решавање на проблемот кој долго време ги мачи стружани. Во барањата се вбројуваат и следниве:

1. Бараме под итно некој од надлежните (Општина Струга или Влада на Р.М. да ни достави информација околу тоа до каде е постапката за набавка на прес контејнерите.
2. Доколку сеуште не е започната постапката за набавка на прес контејнерите БАРАМЕ ПОД ИТНО нивна набавка и ПОД ИТНО нивно ставање во употреба.
Од „Доста“ денеска информираат дека поднесоците се веќе доставени, а истовремено информираа дека депонијата е изгасната иако сеуште чади местото каде што имаше пожар.

Извор: Strugaonline/Граѓанска иницијатива „Доста“

Фото: Граѓанска иницијатива „Доста“

Facebook Коментари