Групата ,,Фолтин“ на 25-ти јули ќе одржи концерт во Струга

- Забава, Локални
768

По повод јубилејот 25 години од првиот концерт на „Фолтин“ и промоцијата на најновото студиско издание „Симултан бакнеж“, ќе се одржат три концери на „Фолтин“, едниот од нив пред струшката публика.

Концертот во Струга ќе се одржи на 25-ти јули на летната сцена при Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци“.

На агендата на концерти на ,,Фолтин“ се и Прилеп на 29-ти јули и  Велес на 31-јули.

Концертите се финансиски поддржани од Министерство за култура и се во соработка со Центрите за култура од наведените градови и Општина Велес.  Почетокот е во 21:00 часот, а влезот е бесплатен.

Strugaonline

Facebook Коментари