Хуманитарна забава во чест на Тоше вечерва во Охрид

- Забава, Локални
889

Младите на Црвен крст Охрид традиционално со хуманитарна забава   ќе го одбележат роденденот на нашиот голем хуманист и вонсериски пејач Тоше Проески .

Настанот кој годинава го носи мотото „Тоше во нашите срца, хуманост во нашите дела“ ќе се одржи вечерва во кафе-бар „Шила“  со почеток од 20:00 часот.  Сите присутни ќе се потсетат на големите хитови на Тоше кои за оваа пригода ќе ги изведе новоформираниот охридски бенд „ Lucky Strikes “ . Целта на оваа забава е да се потсетиме на хуманите дела на големиот Тоше Проески и да ги следиме неговите стапки.

  Цените на влезницата и пијалоците ќе бидат прилагодени да бидат достапни на сите посетители.

Strugaonline

Facebook Коментари