Кинопроекција на филмот „Слава“ (Glory) во Струга

- Локални
867

Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, Струга, во петок со почеток во 18:00часот, ќе се проектира бугарскиот филм „Слава“, во режија на Петар Валчанов и Кристина Грозева.
„Слава“ е вториот филм на бугарското дуо Кристина Грозева и Петар Валчанов, којшто е продаден во повеќе од 30 земји во светот и  од 14 септември започна  да се прикажува во киносалите ширум републикава.
„Слава“ е возбудлива реалистична драма за суровата манипулација со чесен човек и корумпираната власт.


– Режиран со духовита нишка и структурна прецизност – во филмот не постои ниту еден момент што е непотребен или не се исплати подоцна. „Слава“ користи два многу спротивни ликови (специјалист за комуникации наспроти некој кој воопшто не може да комуницира) за да отслика општество изопачено од измама и суровост. Ова е најдобро прикажано во сцената каде што тимот за односи со јавноста на Јулија не може да престане да го задева Цанко за неговото пелтечење, напиша „Холивуд рипортер“.

Филмот досега има освоено повеќе од 32 награди на светските филмски фестивали. Филмот е продукција на Abraxas во копрорукција со Graal Film, Screening Emotions, Aporia Filmworks и Red Carpet, а поддржан од Бугарскиот филмски центар и Грчкиот филмски центар.

Компанијата „КТ Филм и Медиа“ е дистрибутер за Македонија, а дистрибуцијата во земјава е помогната од страна на потпрограмата МЕДИА на Креативна Европа.
Кратка содржина:
Цанко Петров, работник во железница наоѓа милион лева на железничката пруга.
Одлучува целата сума да ја врати во полиција, а државата го наградува со нов рачен часовник, кој наскоро престанува да работи.

Цената на билетите за проекцијата во Струга изнесува 100 денари.

Strugaonline

 

Facebook Коментари