Koнцерт на Балкан Џем вечерва во Охрид

- Забава, Локални
1127

Охриѓани и бројните гости вечерва повторно ќе се забавуваат на градскиот плоштад. Во склоп на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“ концерт ќе одржи групата Балкан Џем. Забавата ноќ пред големиот Божиќ ќе започне со DJ сет  во 19:00 часот на главната сцена на градскиот плоштад во Охрид. Концертот на Балкан Џем ќе започне еден час подоцна, односно во 20:00 часот.

Во бендот членуваат стружаните : Ивица Иво Велоски – вокал, Тоше Танески – соло гитара и вокал, Дејан Јанкоски – бас гитара и вокал, Ненад Мургоски – клавијатура и вокал, Ѓорѓи Калајџиески на тапани.

Strugaonline

Фото: архива

Facebook Коментари