Koнцерт на „Љубојна“ во Охрид

- Локални
1525

 На 13-ти јануари  Стара Нова година во Охрид ќе биде дочекана  со незаборавен концерт на Љубојна

 
„Од 21 часот на Градскиот плоштад, во рамките на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“ – дојдете да уживаме во музиката на еден од најоригиналните домашни музички состави – Љубојна.
Македонска традиционална музика, ноти извадени длабоко од срцето кои раскажуваат за некогаш и денес, за неповторливо оригиналниот, вистински и отсекогаш модерен звук.
На едно место музика за душа во најубавиот град.“ – велат организаторите.

Ова е уште еден настан во рамките на проектот „Од 20-ти до 20-ти сите во Охрид“  кој ќе биде крунисан на 19-ти јануари односно на големиот празник Богојавленије – Водици со концерт на Фолтин.

Strugaonline

Facebook Коментари