Крстот во Струга го фати Стефан Мечкароски. Бог се јави, за многу години!!

- Локални
2770

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици кој се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој од тогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.
Традиционално, во реките се положуваат крстови, а оној што ќе го фати Светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со спуштањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити.

Во Струга и оваа година како и изминатите народот масовно го прославува овој празник, а крстот се фрла во реката Црн Дрим каде имаше голем одзив на скокачи. Крстот оваа година го фати Стефан Мечкароски.

Бог се јави за многу години Стружани.
22

Facebook Коментари