КУД „Илинден“ од Струга ќе учествува на голем меѓународен фолклорен фестивал во Албанија

- Локални
999

Културно уметничкото друштво „Илинден“ од Струга  ќе учествува на голем меѓународен фолклорен фестивал „Balkanika Folk Festival“  кој ќе се одржи во Тирана – Албанија.

Фестивалот ќе се одржи во периодот 18-23 септември и е со натпреварувачки карактер на кој учествуваат 12 земји.

КУД „Илинден“- Струга е друштво основано на 6 -ти април 1983 година.   Членовите на ова друштво негуваат долгогодишна традиција и на свој оригинален начин ја покажуваат својата љубов кон фолклорната уметност.

„КУД Илинден“  претставува вистински бренд во нашиот град. Бројните членови на ова друштво Струга ја имаат претставувано речиси во цела Македонија  а скоро и да нема држава низ Европа каде „КУД ИЛИНДЕН“ не стапнал во своето  35 годишно постоење.

Strugaonline

 

Facebook Коментари