Малолетно дете е прегазено во сообраќајна несреќа во Лабуништа

- Локални, Хроника
590

На 15-ти април 2021 година околу 18:00 часот, на локален пат во струшкото село Лабуништа, патничко моторно возило „Пежо“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот А.А. од селото Лабуништа, удрило во малолетен пешак од истото село.

– По незгодата пешакот бил пренесен во Специјалната болница „Св. Еразмо“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од полициската станица Струга, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари