Maлолетно девојче од Охрид тешко повредено при пад од мопед

- Локални, Хроника
776

Вчера околу 16:45 часот, малолетно девојче од Охрид се здобило со тешки телесни повреди при пад од мопед.

– 15-годишно девојче од Охрид, управувајќи мопед „Ханг лонг“ со охридски регистарски ознаки, изгубилo контрола над мопедот и со истиот се излизгалo по коловозот. Од падот девојчето се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош било пренесено во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид, информираат од МВР

Извор: МВР

Фото: архива

Strugaonline

Facebook Коментари