Mладите веслачи на В.К. Црн Дрим – Струга одлични на веслачката регата ,,Суботица опен 2023″

- Локални, Спорт
920

На Mеѓународната веслачка регата,,Суботица опен 2023″, која се одржа на Паличко езеро и учество зедоа повеќе од сто натпреварувачи, младите веслачи на В.К. Црн Дрим – Струга постигнаа одлични резултати.

Ана Прентоска во дисциплината скиф пионерки го освои второто место, Александар Хиохи во дисциплината скиф пионери го освои второто место, Климентина Стојмилоска освои трето место во дисциплината скиф јуниорки и Елена Столеска го освои третото место во дисциплината скиф сениорки. Исто така, одличен пласман постигнаа Христијан Китаноски – скиф јуниори четврто место, а Андреј Симоновиќ и Леон Шутиноски беа шести во дисциплината дубл скул кадети.

Екипата беше предводена од тренерот Никола Мариноски и претседателот на клубот д-р Здравко Голабоски.

Strugaonline

Facebook Коментари