Монодрамата „Јас, Селма“ пред публиката во Струга во недела

- Локални
963

Во НУЦК “Браќа Миладиновци” на ден 7 октомври (недела) во 20.00 часот е закажано гостување на монодрамата „Јас, Селма”. Гостувањето во Струга е дел од проектот „СЕЛМА ПАТУВА…“ којшто, пак, е дел од манифестацијата Нов Културен Бран на Министерството за Култура.

„Во не толку далечна иднина во Скопје, пристигнува бегалка по има Селма. Таа е единствената што успеава да ја премине македонско-грчката граница, дента, кога медиумите објавуваат дека границите се затвораат и ниту еден мигрант нема да може да влезе во државата, макар само и да помине низ неа.
Монодрамата „Јас, Селма“ е колаж од девет парчиња за бегалката од Дамаск и актерката Симона од Скопје: за нивната прва средба, за вљубувањето на Селма во едно момче од протестите, за (не)вклопувањето во скопскиот живот, но и за нејзината желба да замине од овде. Оваа претстава можеби и не зборува толку за Селма, колку што зборува за нас. Постојаното „губење“ на линијата кој е кој во претставата и дали говори актерката или бегалката, го нагласува нашето (не)прифаќање на сличностите што ги имаме со младата Селма.“ – стои во описот на содржината на оваа монодрама.

Претставата трае 45 минути. Влезниците се по симболична цена од 50 денари.

Strugaonline

Facebook Коментари