Најавена е изградба и реконструкција на водоводот и канализацијата во Струга

- Локални, Македонија
877

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, на денешната прес-конференција одржана во Владата на Република Македонија, ја најавиja градежната офанзива во Република Македонија на комуналната инфраструктура во државата, односно на водоводната и канализационата мрежа во населените места во општините.

„Во делот на проектите кои се реализираат во соработка со Европската инвестициона банка во тек изградба се 10 проекти во вредност од 3,3 милиони евра и тоа: Изградба и реконструкција на водоводи во општините Струга, Берово, Пробиштип, Гевгелија, Виница, Желино, Студеничани, Македонски брод и Ресен, додека во Брвеница се работи на изградба на систем за одведување на отпадните води. Исто така со средства ЕИБ, веќе се склучени договори за изградба и надзор за 11 проекти со вкупна вредност од 4, 4 милиони евра и тоа:

7 проекти за изградба и реконструкција на водоводи во општините: Свети Николе, Крива Паланка, Битола, Неготино, Велес, Куманово и Липково.

4 проекти за изградба и реконструкција на канализации во општините: Прилеп, Долнени, Струга и Лозово“ -истакна Сугаревски

„Работите на терен веќе се во полн ек“, истакна на прес конференцијата премиерот Заев, и додаде дека Владата влегува во завршницата на 31 проект за водоводи, канализации и пречистителни станици во исто толку општини или населени места, проекти во вредност од близу 17 милиони евра.

„Ниту една општина нема да биде запоставена. Владата ќе работи на рамномерен развој и распределба на средствата во руралните средини и ќе овозможи подобрување на животот и здравјето на граѓаните со изградбата на планираните канализациони и водоводни системи“, нагласи премиерот Заев.

На прес конференцијата на Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев и на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, уште еднаш беше афирмирано дека за поефикасно и навремено реализирање на сите комунални зафати на локалните самоуправи, за кои ќе биде неопходна и владина поддршка, ќе се формира Фонд за поддршка на проекти од општините, кои ќе сe финансираат од ИПА и други програми на ЕУ.

Извор: Влада на РМ

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари