Ohrid Ultra-Trail 2024- 470 планински тркачи од 36 земји ќе настапат на шестото издание

- Локални, Спорт
90

Рекордни 470 планински тркачи од 36 земји ќе учествуваат на шестото издание на настанот во планинско трчање Охрид Ултра-Треил 2024 што ќе се одржи на 24-ти и 25-ти мај.

Спортските здуженија Трекс од Скопје и Топ Адвенчрс од Охрид, кои се организатори на настанот,   информираат дека со различни временски стартови и локации учесниците ќе се натпреваруваат на пет планински трки на 110, 65, 40, 22 и 10 километри.

-Најдолгата трка насловена како и самиот настан Охрид Ултра-Треил е единствена од трките која ќе стартува на 24 мај (петок) во 23 часот навечер од Охрид, потоа следи Галичица Ултра 65 километри со старт во 7 часот изутрина од Св. Наум па Самотска Маратон со старт од Пештани во 9 часот, Летница Треил започнува во 11 часот од Велгошти и за прв пат оваа година за нај младите ќе се одржи Јуниор Треил со старт во 10:30 часот во Велгошти.-стои во соопштението.

Сите трки минуваат низ патеки, врвови, гребени и долини во националниот парк Галичица, а финишот е на градскиот плоштад во Охрид. Оваа година интересот за трките е голем, а финалната бројка на тркачи за 20% поголема од минатата година и таа брои 72 учесници на 100км, 88 на 65км, 116 на 40км,  193 на 22км и 40 на 10км.

Целите на овој спортско-рекреативен настан, како што посочуваат организаторите,  е да се понуди една уникатна планинска авантура на отворено за учесниците која се одвива во недопрените предели на Галичица а воедно и да се промовира културното и природното богатство на охридско-преспанскиот регион кој е заштитен под УНЕСКО.

За настанот Охрид Ултра-Треил има огромен интерес од странските тркачи и авантуристи и тоа не само од околните соседни држави туку и од далечни. Досега настанот континуирано бележи статистика од над 60% странски тркачи, а оваа година на трките ќе трчаат претставници од 36 земји (најголема разновидност досега) и тоа од Шведска, Финска, Данска, Норвешка, Полска, Јужна Африка, Саудиска Арабија, Јордан, Словачка, Чешка, Сингапур,  САД, Франција, Турција, Велика Британија, Словенија, Италија итн. покрај стандардните поддржувачи од Србија, Албанија, Косово и Грција.

Приказната на Охрид Ултра-Треил  започна во 2019 година како настан со две трки во планинско трчање од 60 и 30 километри, а од првата бројка на учесници – 130 пријавени тркачи, за пет одлични последователни изданија Охрид Ултра-Треил прерасна во препознатлив мултинационален спортски настан кој се одвива под отворено небо.

Strugaonline

Facebook Коментари