Општина Струга со апели за превенција од пожари

- Локални
710

Поради високите температури, oд Општина Струга апелираат  до сите граѓаните да бидат повнимателни, особено кога станува збор за  безбедноста.

„Внимавајте да не користите импровизирани и непрофесионално опремени кабли за електрични инсталации, внимавајте да не ги оставите вклучени електричните апарати во кујна ,затоа што може да предизвикате пожари и да ја доведeте во прашање безбедноста на вашиот имот, имотот на вашите соседи, особено вашата безбедност и на вашите блиски” – стои во соопштението од општината.
Како неопходна мерка за намалување на ризикот од пожар, Територијалната единица на пожарникари Струга апелира до сите граѓани:
– Да не се фрла стакло, стаклени шишиња и друг отпадок од стакло;
– Да не се папали отпад и други запаливи материјали;
– Да се внимава да не се фрлаат остатоци од запалени цигари
Во спротивност ќе се соочите со санкции предвидени со закон.
Обврска на секој граѓанин во случај на пожар во отворени средини, е да го пријави до надлежните институции во најкраток можен рок.

Во случај на пожар, истиот треба да се пријави во противпожарната служба на 193.

Strugaonline

Facebook Коментари