Поставена е Новогодишната елка, украсувањето на Струга е во полн ек

- Локални
1341

Во согласност со одлуката на последната седница на Советот на Општината Струга, ЈП Комунално – Струга пристапи кон реализација на одлуката за набавка на Новогодишна опрема и украсување на градот Струга.

Задолжениот тим во склоп на ЈП Комунално – Струга, изминативе денови започна со Новогодишното украсување на градот . Поставена e носивата конструкција помеѓу канделабрите на главната улица „Маршал Тито“  и поставени се украсни светилки.

Во центарот на Струга поставена е и Новогодишната елка, а украсувањето продолжува и во текот на наредните денови.

Strugaonline

Фото: ЈП Комунално

Facebook Коментари