Повторно е заматена водата во Струга-издадена е нова забрана за пиење

- Локални
888

Центарот за јавно здравје од Охрид информира дека поради обилните врнежи од дожд кои денеска го зафатија подрачјето на Охрид и Струга дошло до нарушување на квалитетот на водата за пиење од градската водоводна мрежа во Струга, по однос на параметарот матност. Од извршените мерења на водата за пиење од градскиот водовод во Струга, од страна на екипите на Центар за јавно здравје Охрид, претпладнево, на 1.12.2017 констатирана е зголемена матност  во водата за пиење со вредности значително поголеми од законски пропишаните. Поради тоа, и согласно правилникот за безбедност на вода, водата од градската водоводна мрежа Струга и селата кои се приклучени на истата, не е здравствено безбедна и истата не треба да се користи за пиење. Од Центарот за јавно здравје – Охрид велат дека согласно процедурите известени се надлежните институции и соодветните инспекциски служби за натамошно постапување. Од таму потенцираат дека постојано ја следат состојбата и навремено ќе ја информираат јавноста за состојбата на квалитетот на водата во градскиот водовод во Струга.

Strugaonline

 

Facebook Коментари