Претставата „Аналфабет“ освои Гран-при на фестивалот „Гола Месечина“

- Локални
917

Претставата „Аналфабет“ во изведба на Охридскиот народен театар се закити со признанието Ггран-при за најдобра претстава на Интернационалниот фестивал на комедијата „Гола Месечина“  што по четврти пат се одржа во Скопје, во организација на Театар „Комедија“.

„Аналфабет“ на уметнички начин ја прикажува општествената реалност која е речиси иста во целиот свет. Низ маестрална глума се доловени моментите кога луѓето се менуваат кога расте нивната моќ и нивната имотна состојба.

Актерската екипа која ја освои наградата благодарение на професионалната актерска игра ја сочинуваат сочинувааат : Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Елизабета Стефановска.

Претставата „Аналфабет“ е  работена по текст на Бранислав Нушиќ, во режија на Ѓорѓи Ризески.

Со оваа претстава охридскиот театар се претстави и на  Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Извор: ОхридПреc/Strugaonline

Facebook Коментари