Откако РК Струга успеа да го добие своето место во Супер-лигата, сега влегува во нови предизвици и допрва ќе ги остварува своите нови амбиции. Управата на тимот ги продолжи договорите со клучните ракометари, а во стручниот штаб на клубот влегува уште едно звучно ракометно име.
Станува збор за поранешниот македонски репрезентативец Ристе Калајџиоски кој е назначен за спортски директор. Калајџиоски, кој своевремено беше дел и од јуниорската и од сениорската репрезентација на Македонија, освен функцијата спортски директор, своето искуство и знаење ќе го пренесува и како дел од тимот на тренери.
Strugaonline
фото: архива
Facebook Коментари