РК Струга денеска го игра последниот натпревар за оваа година, ,,Паткари“ повикуваат-,,СИТЕ ВО САЛА“

- Локални, Спорт
381
РК Струга денеска на домашен терен го игра последниот натпревар за оваа календарска година. Противник на струшките ракометари е тимот на РК Металург.
Натпреварот се игра во 17:00 часот во салата Нико Нестор.
Навивачката група ,,Паткари“ ги повика љубителите на ракометот да го бодрат нашиот тим до победа.
,,Почитувани ПАТКАРИ, почитувани Стружани, пред нас е последната утакмицата за оваа календарска година, пред нас е утакмицата со Рк. Металург. Затоа ве повикуваме СИТЕ !!! ПЕТОК 17.12.2021 со почеток во 17:00ч во салата Нико Нестор, заедно да ги бодриме нашите ракометари и оваа година да ја завршиме со ПОБЕДА !!! СИТЕ ВО САЛА !!!,, – стои во повикот на Паткари.

Facebook Коментари