РК Струга стигна до втората победа во Суперлигата, нашите ракометари славеа над Астраион

- Локални, Спорт
410

Ракометарите на РК Струга ја постигнаа втората победа во  Суперлигата, откако славеа на гостински терен  кај составот на Астраион со 28-30.(11-15) полувреме. Во струмичкиот состав изостанаа тројца ракометари поради вирусот ковид 19,  но беа достоен противник на нашиот тим.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Николиќ и Рајатоски со по осум погодоци, а кај Астраион се истакнаа Караиванов со 11 и Наков со седум голови.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари