Рокот за легализација на градбите без дозвола е до крајот на годинава- ова се потребните документи

- Локални
788

Општина Струга ги известува сите граѓани кои поради некоја причина не поднеле барање за создавање на правен статус на бесправно изграден објект, дека од денес се уште е можно да поднесат  барање за легализација на градбите без дозвола. Условот за легализација на објектот е да е изграден до 3 март 2011 година.

До шалтерите на општината треба да бидат доставени следниве документи:

– Барање
– Уплатница од 250 денари
– Имотен лист
– Елаборат
– Сметка за електрична енергија или сметка за вода до 3 март 2011 година, или нотарска изјава.

Со последните законски измени, рокот за легализација трае до крајот на годината, како и дополнителен рок за комплетирање на документацијата што може да се направи до крајот на јуни оваа година.

Извор: Општина Струга

Strugaonline

 

Facebook Коментари