Со одличен настап во Ниш, клубот ,,3Дисциплини“ прослави пет години постоење

- Локални, Спорт
305

Одличен настап на Триатлон и Пливачки клуб 3Дисциплини од Струга за нивниот јубилеj, пет години постоење .

На нивниот  јубилеј- пет години постоење од пливачкиот клуб и пливачка школа ,изборија  едно второ и едно трето место на дваесет години стариот пливачки митинг Цар Константин во Ниш,Србија. И да бидат работите уште повозбудливи токму медалите стигнаа од нивниот  најстар член во клубот (најјактивен) од самото основање Тија Кукунешоска и најмладиот кој почна од пливачката школа на четири ипол години, а веќе сега на неговата ненаполнета седма година го освојува првиот медал во пливање.

,,Огромно браво и за нашите останати претставници. Хади Исмаилоски ,Виктор Опетчески и Јован Кутаноски кои се изборија за финалиња но не успеаа да се закитат со медал. Најголемо задоволство за мене претставува тоа што овие успеси и резултати се постигнати со пет неделно пливање и тоа три пати во неделата.. Огромна заслуга упатуваме за Хотел Изгрев кој што ни дозволи да го користиме базенот за тренинзи. Благодарност до сите за мотивацијата и поддршката што ни ја даваат.,,-изјави тренрот Никола Кутаноски.

,,3Дисциплини,е единствен пливачки клуб во изминативе пет години кој се грижи за развојот,промоцијата и негувањето на пливачкиот спорт во Струга. Исто така е единствениот пливачки клуб од Струга кој успешно и достојно ја претставува нашата општина со пливањето, а вооедно градот Струга кој е лулка на пливањето и воопшто водечки спорт и основа за сите останати,,-потенцира Кутаноски.

Изминативе пет години како единствен активен пливачки клуб, успеаа да постигнат одлични пласмани во пливањето како на државно така и на меѓународно ниво во земјава и надвор од неа.

Strugaonline

Facebook Коментари