Со пластична бомба и пластичен пиштол охриѓанец исплашил гости во струшки угостителски објект

- Локални, Хроника
1381

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело ,,предизвикување на општа опасност“, надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Д.Ц.(32) од Охрид.

Тој, на 16 ноември оваа година, во видно алкохолизирана состојба влегол во угостителски објект лоциран на улицата „Владо Малески“ во Струга и започнал да упатува навредителни и заканителни зборови кон присутните гости. Потоа извадил пластичен пиштол и пластична рачна бомба  со што предизвикал страв кај присутните лица. Пријавениот веднаш бил приведен во полициска станица.

Извор: СВР Охрид

фото: архива

 

Facebook Коментари