Сообраќајна несреќа на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, три лица се повредени

- Локални, Хроника
408

На 1. март 2023 година, во 00:20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид – Св. Наум во Охрид, патничко возило марка „Ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 18-годишниот М.С. од Охрид излетало од коловозот.

– По несреќата, возачот М.С. и сопатниците К.Т.(22) и Т.В.(34), двајцата од Охрид, биле пренесени во специјалната болница „Св. Еразмо“, каде на М.С. и сопатникот К.Т. им биле констатирани тешки телесни повреди, додека на сопатникот Т.В. му биле констатирани телесни повреди. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид, информираат од МВР.

Извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари