Струга е подготвена за првото издане на фестивалот „Енхалон“

- Забава, Локални
958

Овој петок во Струга започнува првото издание на интернационалниот фестивал на современа музика и дигитални уметности – Енхалон. Организаторите најавуваат незаборавна фестивалска авантура со 32 часа континуирана музичка програма поделена на 4 локации во градот. Хедлајнери на фестивалот се германските техно икони Ancient Methods, Daniela La Luz и полскиот продуцент Glos.

Фестивалот го отвара Ancient Methods во струшкиот хангар кој е дел од Центарот за култура во Струга, потоа во раните утрински часови фестивалот се сели на 12 часовна афтер журка на плажата Ливадиште каде ќе настапат 12 интернационални и домашни артисти, целиот настан ќе биде пренесуван во живо на британското Threads радио, од 20:00 часот фестивалот продолжува на отворената летна сцена од центарот за култура во Струга каде како хедлајнер е најавена берлинската диџејка Daniela La Luz. За оние кои ќе имаат се уште сила, журката не завршува тука, 2 часа после полноќ, во сабота програмата продолжува на крстарење со брод по Охридското езеро со што и завршува овогодинешното издание на Енхалон. На бродот како хедлајнер е најавен полскиот диџеј и продуцент Glos кој ќе има неколку часовен лајв сет.

За подетални информации, организиран превоз и сатница на настаните можете да се информирате на следниов ЛИНК

Поради големиот интерес организаторите препорачуваат да си го обезбедите вашето присуство на фестивалот уште денес, картите се продаваат преку продажната мрежа на mktickets.mk

 

Gepostet von N-H // LON Festival am Freitag, 31. Mai 2019

Strugaonline

Facebook Коментари