Струшкиот спортски фестивал ,,Илинден“ е прогласен за Спортски настан на годината

- Локални, Спорт
993

Спортскиот фестивал ,,Илинден“ што се одржува во Струга, е прогласен за спортски настан на годината од страна на платформата ,,Авантурите на Македонија“. Оттаму објаснуваат дека одлуката е донесена врз основа на реакциите на читателите и мислењето на тричленото стручно.

-Нивното официјално видео кое беше објавено на нашата страница имаше преку 16 000 прегледи и уште толку реакции и коментари. Воедно, во тесна конкуренција со неколку спортски настани, потврдуваме дека со својата концепциска оригиналност „Илинден” е настан кој ја обележа 2023 година.-велат од ,,Авантурите на Македонија“.

Златната плакета за спортски настан на година во име на целиот тим на фестивалот викендов свечено ја прими М-р Коста Хиохи.

,,Наградата е потврда дека нашиот влог од знаење, енергија и љубов за Струга е силно препознат. Како од корисниците на платформата, така и од евалуаторите. Фестивалот го сочинуваат сите, најмногу поддршката на стружани. Без учесниците, посетителите и помагателите вие немате реалност. Затоа не’ случајно наградата им ја посветуваме нив. Истата меѓудругото е и’ наша обврска да растеме, организациски и спортски.“ -изјави за Strugaonline Проф. Д-р Лиза Пантековска, член на организациски одбор на Спортски фестивал Илинден. 

Таа додава дека подготовките за третото издание се веќе започнати.

-Програмски, фестивалот се проширува со воведување на таклата како натпреварувачка дисиплина и повторно интегрирање на велосипедската тура. Задржувајќи го концептот на автентичност, мегданот на фестивалот е ист. Затоа ќе речам, здрави и живи, се гледаме на кеј“-потенцира Пантековска.

Спортскиот фестивал ,,Илинден“ благодарение на својот концепт, добро реализирана идеја и заинтересирани учесници и публика со само две одржани изданија досега, веќе добива признанија и награди, факт што сам по себе зборува дека преку него во Струга ќе се создава една убава празнична и спортска традиција.

Strugaonline

Facebook Коментари