Струшките џудисти освоија два бронзени медали на Mеѓународниот натпревар ,,Трофеј Вршац”

- Локални, Спорт
478
На 30.01.2022 Џудо Клуб ДРИМ- Струга учествуваше на Mеѓународниот натпревар ,,Трофеј Вршац”.
Во конкуренција од 550 натпреварувачи од 62 клубови од 8 земји, Анамарија Стојмиловска и Доријан Петковски освоија бронзени медали.
,,Во одлично светло се прикажаа и Мишела Јаулевска и Анастасија Трајческа но не успеаа да се закитат со медали. Несомнено ова е еден од подобро организираните и меѓу најквалитетните меѓународни турнири во регионов.,,-ијзави тренерот на струшките џудисти, Ѓорѓи Стојанов.
Тој упати честитки до  организаторите ЏК Вршац за прекрасната организација и гостопримство.
Strugaonline

Facebook Коментари