Струшките триатлонци постигнаа одлични резултати на првиот Куп во далечинско пливање на Македонија

- Локални, Спорт
380
Членовите на триатлон и пливачки клуб ,,3Дисциплини“ од Струга постигнаа одлични резултати на првиот Куп во далечинско пливање на Македонија.

Освоени места во категорија 2012 и помлади:

Јован Кутаноски 1-во место
Хади Исмаилоски 3-то место
Марко Шаврески 4-то место
Давид Попоски 5-то место
Климент Ковачески 6-то место
Матеј Лазороски 7-мо место

Леонтина Ѓероска 4-то место
Стефанија Кутаноска 5-то место
Софија Кутаноска 7-мо место

Се’уште се чекаат официјални резултати за категоријата на 2.5 км 2009-2012 машки и женски:
Тија Кукунешоска 5 то
Матео Мачоски 6
Олса Орани 8
Дамјан Бежаноски 9 то.

,,Ова се оддлични резултати со оглед на тоа дека пред само три недели започнавме со интензивни тренинзи.Нашиот клуб е  единствениот клуб од Струга, кој последниве шест години прави резултати, го негува пливањето и достојно го претставува на државните и меѓународни пливачки натпревари.“-изјави тренерот Никола Кутаноски.

Тој додава дека следниот предизвик за струшките триатлонци е следниот викенд кога ќе учествуваат на Пливачкиот митинг што ќе се одржи во Охрид на отворениот базен.

Strugaonline

Facebook Коментари