Teaтарската претстава „Во фиока“ повторно пред охридската публика

- Локални
735

Поради голем интерес, на 5-ти септември (среда)  во Охрид повторно  ќе се игра театарската претстава „Во фиока“. Во истата глумат младите и талентирани актери од театарската група при Црвен крст Охрид.

“Во Фиока” е претстава со која се бараат изгубените вредности. Низ секојдневни ситуации и во море од алчност, себичност, хипокризија и неукост, сепак постои надеж дека вредностите не се изгубени, туку се скриени во фиока. Треба само да излезат надвор. Младите волонтери од Црвен крст Охрид ќе се обидат по втор пат да ги ослободат.

„Во фиока“ ќе се игра во Предворје на црква Св. Софија со почеток во 20:30 часот. Цената на билетите изнесува 100 денари, а средствата се наменети за хуманитарни цели.

Оваа претстава својата премиера ја имаше на театарскиот фестивал „Вдиши театар 2018“.

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари