Teпачка помеѓу две групи малолетни лица во Струга

- Локални
813

На 06.12.2018 година околу 15,30 часот на улица „Пролетерски бригади“ во Струга, нарушен е јавниот ред и мир во која учествувале две групи од неколку малолетни лица. Притоа, еден од нив бил физички нападнат најпрвин од едно лице а потоа се вклучиле и другите лица од групата. Причина за нападот е тоа што истиот ден околу 09,10 часот во претходна расправија било искршено стакло на паркирано патничко моторно возило „Мерцедес“ и за истото оштетениот бил повикан кај директорот на средното училиште “Ибраим Темо” и истиот го посочил напаѓачот како сторител на оштетувањето. Во нарушувањето, физички е нападнато уште едно лице кое се обидело да ги раздвои. Полициската станица од Струга презема мерки за расчистување на случајот.

Извор: СВР Охрид

фото: архива

Facebook Коментари