Триатлон и пливачкиот клуб 3Дисциплини освои девет медали на Меѓународното и државно дуатлон првенство во Скопје

- Локални, Спорт
355
Триатлон и пливачкиот клуб 3Дисциплини од Струга, викендов настапи на меѓународното и државно дуатлон првенство во Скопје. Tие имаа одличен почеток на натпреварувачката сезона со освоени девет медали.
,,Имаше многу  турбуленции во категориите. За повеќе деца промената на категорија  беше пресудна за нивните резултати ,самото неискуство во новите дистанци им беше некоја пречка за уште подобар резултат. Сепак ова беше само првата дуатлон трка, пред нас е целата сезона.“ – изјави тренерот Никола Кутаноски.
Триатлон и пливачкиот клуб 3Дисциплини следниот викенд почнува со меѓународните трки надвор од Македонија. Следно ќе се натпреваруваат во Србија, потоа им следуваат настапи во Хрватска, Бугарија и повторно во Скопје во мај месец кога е првиот триатлон.
Strugaonline

Facebook Коментари