(ВИДЕО) „Нели бевме“ од Кочо Рацин сега е и музичка нумера на Папаз и Танче

- Локални, Музика
85

По првиот успешен сингл „Спомени“, Папаз и Танче го објавуваат вториот сингл кој исто така е дел од нивниот заеднички албум „Елегија.“

Песната се вика „Нели бевме“ и во неа гостува актерката Марија Димитрова која ја интерпретира истоимената песна од великанот на пишаниот збор, Кочо Рацин.

Кочо Рацин е еден од основоположниците на современата македонска литература. Неговата стихозбирка„ Бели мугри“  претставува едно од најзначајните поетски дела во македонската литература.

Музиката е на Папаз, аранжманот и продукцијата се на Танче, пијано свири Иван Еминовиќ.

„Идејата за оваа песна е освежување и потсетување на ликот и делото на Кочо Рацин, а комбинацијата од ноти и поезија е секогаш вистинско уживање. Албумот Елегија ќе биде промовиран наскоро, истиот дигиталнo ќе биде  дистрибуиран од страна на хрватскатата музичка продукција Менарт.“-информираат Папаз и Танче.

На него ќе се најдат осум композиции, четири авторски и четири преработки на македонски изворни песни.

Фотографијата е дел од новата фотосесија кој ја изработи фотографот Никола Николов.

Strugaonline

Facebook Коментари