Владата на Република Македонија издвои средства за компресирање и транспорт на сметот од депонијата во Струга на друга локација

- Локални
1446

„За времено решавање на проблемот со депонијата во Струга, Владата на Република Македонија, донесе одлука да издвои 12.000.000 денари од резервите на Буџетот за да бидат наменети за компресирање и транспорт на сметот од депонијата во Струга на друга локација“, извести владината прес служба.

Проблемот со струшката дива депонија според еколозите трае веќе петнаесеттина години, а истиот ескалираше за време на Велигденските празници годинава. Од тогаш до денес, дивата депонија гори понекогаш со помал, а понекогаш со поголем интензитет.
Стружани, во изминатиов перидот одржаа низа протести барајќи да се изгасне огнот на смртта во градот на Миладиновци, а лекарите ги потенцираа сите негативни последици по здравјето кои се потенцијална опасност за сите генерации кои живеат во Струга. Поради проблемот со дивата струшка депонија беше формирана и Граѓанската иницијатива „Доста“ која испраќаше апели и до централната и до локалната власт за изнаоѓање времено решение односно привремена локација за одлагање на сметот се до изградбата на регионални депонии.

Facebook Коментари